• недела, 22 декември 2024

Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот на планината Серта

Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот на планината Серта

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици и денеска продолжи да дејствува на пожарот што избувна на планината Серта, меѓу штипските села Драгоево и Селце, информираат од МВР. 

При дејствувањето, како што појаснуваат, во 26 налета се исфрлени 39 тони вода. Од МВР велат дека пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење. сст/дма/

фото и видео МВР


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан