• сабота, 28 септември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 2 јули 2023 (МИА) - Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00-05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 22 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 12 други видови прекршоци.

На 01.07.2023 околу 16,30 часот било пријавено дека во Гостивар на пат кон с.Ломница, В.А.Д. (54) од Германија управувајќи моторцикл „КТМ“, излетала од патот.

По несреќата В.А.Д. била пренесена во Ургентен центар-Гостивар каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

На 01.07.2023 околу 23,15 часот било пријавено дека во Кичево на крстосницата од ул.„Тане Цалески“ и бул. „Ослободување“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(19) од Кичево и мотоцикл „лингбен“ без регистарски ознаки, управуван од Р.Џ.(19) од Кичево.

Во несреќата сопатникот од моторциклот А.Б.(24) од с.Стрелци се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани од лекар во Медицински центар Кичево. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

На 01.07.2023 во 07,45 часот на граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници е лишен од слобода A.Р.(28) од Косово, кој управувал патничко моторно возило „даимлер бенц“ со косовски национални ознаки, затоа што по извршена контрола во службената евиденција е констатирано дека постои основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на возило“.

Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-ОКР Чаир за понатамошна постапка.

На 01.07.2023 во 11.45 часот во Полициска станица Аеродром Т.Н.(75) од Скопје пријавил дека на ул. „Новопроектирана“ во Горно Лисиче, Скопје бил каснат од куче скитник.

На 01.07.2023 во 14.45 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници е лишен од слобода П.Д.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На  01.07.2023 во 22.40  часот во Полициска станица Чаир Л.Р.(25) од Скопје пријавил  дека  на ул. „Костурска“ бил каснат од куче скитник.

На 02.07.2023 во 00.50 часот на подрачје на Центар од полициски службеници е лишен од слобода А.Ј.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.07.2023 во 00.40 часот во Полициска станица Кисела Вода М.Т.(34) од Скопје пријавила дека на ул. „Пушкинова“ била касната од куче скитник.

На 02.07.2023 во 00.45 часот во угостителски објект во Градски парк Скопје од полициски службеници е лишен од слобода А.Ј.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.07.2023 во 19,40 часот било пријавено дека во с.Давидово, гевгелиско се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(27) од с.Давидово, и патничко моторно возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(29) од с.Давидово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот А.Т., а со телесни повреди се здобил сопатникот на мотоциклот А.С.. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 302 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за управување возило под дејство на алкохол, шест мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 11 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, 13 мерки за некористење сигурносен појас... сст/

 

 

Остани поврзан