• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност", предвидено и казниво по член 288 од КЗ.

Од МВР денеска соопштија дека пријавениот, заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на 03.09.2024 околу 15 часот во местото викано Расадник, на територија на општина Кисела Вода во Скопје, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина  од околу три хектари.

Со брзата реакција на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со други служби, пожарот е локализиран и спречено е настанување на штета од големи размери.

На 05.09.2024 во 15.15 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.М.(23) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Потоа, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошни простории, каде биле пронајдени три кеси со вкупно околу 150 грама марихуана и една дигитална вага. Л.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.09.2024 во 09.55 часот полициски службеници од ПО Ростуше, постапувајќи по судска наредба, го привеле М.М.(52) во ростушко Велебрдо, кој бил баран за издржување на затворска казна. Тој е предадена на КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.

На 06.09.2024 во 02.20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле А.Л.(20) од гостиварско Видуше затоа што при контрола кај кружен тек помеѓу улица ,,101“ и улица ,,18-ти Ноември“, кај него се пронајдени марихуана и ризла. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.09.2024)  во 00.05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ш.(21) од село Теарце, тетовско, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.09.2024) во 03.55 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје  го лишиле од слобода С.М.(25) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.09.2024 во 18.35 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.С.(29) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.09.2024 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Н.(22) од нас.Илинден, скопско и М.А.(23) од село Бујковци, скопско, поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 05.09.2024 во 17.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје  го лишиле од слобода Д.Т.(27) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.09.2024 во 22.35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Х.M.(41) од с. Сопот, кумановско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи “ по член 396 од Кривичниот законик. Х.М. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

На 05.09.2024 во 09.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б. (28) од Куманово. Тој се сомничи дека на 03.09.2024 од М.Ф.(74)  одзел пари. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.09.2024 во 00.05 часот во двор од училиште во Велес, полициски службеник од СВР Велес го лишил од слобода А.Н.(18) од Велес, затоа што кај него било пронајдена зелена растителна материја. А.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.     

На  05.09.2024 со наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници за криминалистички работи од ОВР Кавадарци, извршиле претрес во домот на А.П.(30) од Кавадарци, при што се пронајдени и одземени кафена прашкаста материја, кафена грутчеста материја и зелена растителна материја. При вршење на претресот, А.П. проголтал хероин и таблета, по што била повикана Итна медицинска помош и А.П. бил однесен во болница во Кавадарци. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.09.2024 во 17.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(29) од село Арачиново, скопско, поради тоа што при извршена гранична контрола и проверка во оперативна евиденција евидирал со мерка „апси“ по барање на СВР Скопје. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.

Денеска (06.09.2024) во 00.10 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.З.(31) од Република Турција, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки, било констатирано дека зелената карта која што ја приложил за товарно возило „форд“ со турски национални ознаки била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 05.09.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред угостителски објект на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(27) од Кавадарци удрило во  С.И.(58) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.И., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 05.09.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека  на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“, ул.„Генерал Васко Карангелески“ и ул.„Крушевска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(43) и мопед без регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(38), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ѓ. ,констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 05.09.2024 во 09.15 часот во Полициската станица Аеродром, М.С.(73) од Скопје пријавила дека на ул. „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 05.09.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Л.(26) од Скопје пријавила дека на бул.„8-ми Септември“ во Скопје, таа и нејзиното бебе биле нападнати од куче скитник, при што таа била касната, а бебето паднало од количката.

На  05.09.2024  во  19.30 часот во Полициската станица Драчево, И.Т.(26) од Скопје пријавила дека на  ул. „Јустинјан Први“ во Скопје била касната од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

 
 
 

Остани поврзан