• понеделник, 04 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 29 септември 2024 (МИА) - Денеска (29.09.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода К.Ј.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

МВР соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (29.09.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Д.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена  марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (29.09.2024) во 02.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.09.2024 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.А.(43) од с.Радишани, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.09.2024 во 21 часот во Скопје, на место викано „Три Круши“, полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.09.2024 во 05.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локалниот пат кој ги поврзува с.Зелениково и населбата Драчево, во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(46) од с.Зелениково-скопско, удрило во пешакот М.М.(64) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 28.09.2024 околу 20.30 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, патничко возило „голф“ со регистарски таблици од Свети Николе, управувано од В.З.(24) од Свети Николе, излетало од коловозот. Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Тетово. По наредба на Јавен обвинител при ОЈО Тетово, телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Тетово.

 На 28.09.2024 во 16.15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на крстосница од ул. „315“ и ул.„312“ во Куманово, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од с.Долно Којнаре, кумановско, удрило во велосипед управуван од малолетник од с.Лопате, општина Липково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил  малолетникот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

На 28.09.2024 во 22.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Македонска Каменица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(27) од Македонска Каменица и мотоцикл управуван од Л.Ф.(18) од с.Луковица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и неговиот малолетен сопатник од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Делчево.

На 28.09.2024 во 15.25 часот во Полициската станица Кратово, било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Кратово, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(31) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кратово.

На 28.09.2024 во 13.30 часот во Полициска станица Гази Баба, М.А.(23) од Скопје, пријавил дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 28.09.2024 во 10.50 часот во Полициската станица Кисела Вода Л.Н.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 28.09.2024 во 20.55 часот во Полициска станица Драчево, В.Ѓ.(43) од с.Кадино, скопско, пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 28.09.2024  во 17.30 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Е.(30) од Прилеп, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба од Основен суд Прилеп. Н.Е. бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година. Лицето е спроведено во Казнено поправната установа  Затвор Битола.

На 28.09.2024 полициски службеници од СВР Тетово во 14 часот го лишиле од слобода М.М.(23) од Тетово. По претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и помошни простории во Тетово, каде била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан