• четврток, 11 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 26 ноември 2023 (МИА) - На 25.11.2023 во 21.15 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.С.(44) и Р.А.(39), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 25.11.2023 во 20.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“ Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ бил приведен М.Ш.(33) од Пакистан, кој поседувал пакистанска патна исправа и кипарска дозвола за престој. При извршен преглед на лицето и багажот била пронајдена кипарска возачка дозвола со измината важност. Со него бил извршен службен разговор во кој изјавил дека кипарската возачка дозвола ја купил од едно лице во Кипар за сума од 2000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои 13 санкции за возење без возачка дозвола, 12 мерки за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за користење мобилен телефон при возење...

 Во текот на изминатата вечер  (25/26.11.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на  Битола и Прилеп спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата, санкционирани се 17 возачи под дејство на алкохол. Од нив 12 на територија на Битола, а 5 во Прилеп. За време на контролата биле санкционирани и други видови прекршоци.
       
Денеска (26.11.2023) во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.„Симеон Кавракиров“ и ул.„Венијамин Мачуковски“ патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
       
На 25.11.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров А.А.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Македонски војски“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 25.11.2023 во 01.00 часот во Полициската станица Драчево К.Т.(32) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ била касната од куче скитник.

На 25.11.2023 во 04.10 часот во Полициската станица Драчево М.И.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.  дма/

Фото:МИА

 

 

 

Тагови

в

Остани поврзан