• четврток, 11 јули 2024

Тешко повредена 16-годишна сопатничка на мопед во Велес

Тешко повредена 16-годишна сопатничка на мопед во Велес

Велес,11 јули 2024 (МИА) -  Во СВР Велес синоќа во 21:40  часот било пријавено дека на улица „Вардарска“ во Велес, мопед „џонвеј“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник, удрил во тротоар и паднал на коловозот. Како што информираа денеска од СВР Велес, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болница во Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес,малолетната 16 годишна  сопатничка на мопедот во Ургентниот центар на  велешкатаОпшта  болница со возило на Итна помош била донесена околу 22 часот. По направената  компјутерскатомографија на глава дежурниот тим на лекари констатирале  повреди на главата и фрактура на носна коска. Поради сериозноста на повредите со медицинско возило од болницата  била однесена на понатамошно лекување во Скопските Клиники „Мајка Тереза“.ад/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан