• сабота, 28 септември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 јули 2023 (МИА) - На 01.07.2023 во 00.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(21) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.06.2023 во 21.45 часот на патот за месноста Бањиче-тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(19) од Тетово бидејќи кај него биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и ризли.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.06.2023 во 16 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“ бил лишен од слобода К.Ф.М.(50) од Шпанија поради постоење основи на сомнение дека во фри шоп украл производи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2023 во 23 часот во Полициската станица Центар И.С.(62) од Скопје, пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ бил каснат од куче скитник.

На 30.06.2023 во 10.30 часот во Полициската станица Гази Баба Т.Н.(67) од Скопје, пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ бил каснат од куче скитник.

На 30.06.2023 во 14.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај с.Кетеново-кратовско патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(65) од с.Туралево-кратовско, излетало од патот.

На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кратово.

Вчера  (30.06.2023) во периодот од 15 до 20 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 90 возачи.

Од вкупно 90 возачи , 61 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 29 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 30.06.2023 во 13.42 часот било пријавено дека во Прилеп на крстосницата од ул.„Борка Медаро“ со ул.„Димче Карески“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(35) од Прилеп и велосипед управуван од малолетник од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 30.06.2023 во 17.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово кај с.Групчин патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(30) од с.Копачин дол-тетовско, удрило во В.А.(28) од с.Ларце-тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 30.06.2023 во 19.35 часот било пријавено дека на локален пат во с.Стримница-тетовско патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(66) од с.Палатица, удрило во малолетен пешак од с.Стримница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.Изречени се седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 16 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, девет мерки за некористење сигурносен појас...

На 30.06.2023 во 13.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Метохиска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(45) од Скопје удрило во малолетничка.

Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон болница починала. Од страна на лекар од болницата „Систина“ констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. сст/

фото МИА архива

 

 
 
 

Остани поврзан