• понеделник, 08 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - На 27.02.2024 во 11.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(42) од Куманово, соопштија денеска од МВР.

Тој се сомничи дека на 26.02.2024 од продажен објект на улицата „Доне Божинов“ одзел повеќе предмети. М.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 27.02.2024 од 07.00 до 12.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за првенство во сообраќајот, при што биле откриени и санкционирани вкупно 14 прекршоци (ТЕ). Најголемиот број од нив (9) се однесувале на недавање првенство на пешаци, а останатите на непропуштање возило на пат кој со знак е означен како пат со првенство на минување. На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на прекршокот, се движат од 45 до 300 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-2).  

На 28.02.2024 во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.З.(27) од село Глумово, општина Сарај, удрило во пешакот С.Т.(78) од Неготино. Од здобиените повреди С.Т. починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(67) од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, во својство на инвеститор, при изградба на хотелски комплекс на парцела во охридското село Елшани за што имал одобрение, извршил доградба на објектот за која немал соодветно одобрение издадено од надлежен орган.   

На 27.02.2024 во 22.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека кај излезот за с.Романовце, кумановско, на автопат Скопје – Куманово, настанал пожар во три бараки, сопственост на Д.М. од с.Миладиновци, скопско. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.

Денеска (28.02.2024) во 00.10 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров физички била нападната од нејзиниот малолетен син, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 27.02.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје, С.Т.(52) од с.Могилец, општина Македонски Брод, пријавил дека на 26.02.2024 околу 09.00 часот во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров физички била нападната од нејзиниот сопруг И.Н.(38) од Скопје, кој ѝ упатил и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, А.Т.(59) од Скопје пријавил дека околу 20.40 часот во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, физички бил нападнат од неговиот пријател С.А.(41) од Скопје. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.  

Денеска (28.02.2024 година) околу 10.00 часот добиена е пријава за  поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави.  Исто така, денеска (28.02.2024) околу 10.35 во СВР Куманово, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку смс порака добиле закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 27.02.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, А.И.(35) од Скопје пријавил дека околу 19.45 часот на подрачје на Центар во Скопје, физички бил нападнат од Д.К.(38) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 27.02.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(26) од с.Батинци, скопско, пријавил дека околу 01.25 часот во кругот на приватна фирма на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од едно лице, кое било затекнато при извршување кражба со уште две други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

На 27.02.2024 во 14.50 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека физички била нападната од нејзиниот сопруг И.П.(41) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, Б.Н.(36) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош физички бил нападнат од едно лице, кое со помош на друго лице му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Р.Н.(27) од с.Долно Свиларе, општина Сарај, пријавил дека околу 12.40 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, И.С.(39) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот во близина на трговски центар на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2024 во 11.54 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил со тешки телесни повреди бил донесен С.Л.(51) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи на подрачјето на Карпош. Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор.  

На 27.02.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, В.Т.(31) од Скопје пријавила дека во изминатиот период во основно училиште на подрачјето на Драчево, нејзиниот малолетен син бил физички напаѓан од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Денеска (28.02.2024) во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во нас.Илинден - Скопје едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2024 во 13.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека М.К.(23) од Скопје извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачје на Карпош – Скопје, едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2024 во 14.15 часот во ОВР Кичево, А.К.(60) од кичевското село Белица пријавил дека улицата „Мара Угринова Гина“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Денеска (28.02.2024) во 06.30 часот во СВР Тетово, 59-годишната тетовка М.Г. пријавила дека на улица „Борис Кидрич“ во Тетово била касната од куче скитник.

На 27.02.2024 во 16.00 часот во СВР Тетово, 30 - годишниот А.К. од Тетово пријавил дека на улица „Борис Кидрич“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.С.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот, набавил податоци од картичка за точење гориво, сопственост на приватна фирма, по што ги злоупотребил податоците и извршил две трансакции на бензинска станица во Франција, со што нанел материјална штета на правното лице во износ од 123.790 денари. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Н.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот, вработен како теренски продавач во приватна фирма, во период од 04.03.2021 до 10.05.2023 во повеќе наврати задржал за себе производи наменети за продажба во угостителски објект, при што нанел материјална штета на правното лице во износ од 707.203 денари.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.В.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот, на 02.07.2023 и 30.08.2023 на својата поранешна девојка, која била сместена во здравствена установа во Негорци, преку пошта ѝ испратил амфетамин, марихуана и таблети.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.05.2023 во угостителски објект во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на друго лице, при што пронашле кокаин, кој го набавил од пријавениот.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривичнa пријавa против А.Р.(34) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.05.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана .

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Џ.Д.(35) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 14.08.2023, пријавениот овозможил употреба на хероин на друго лице, кое било затекнато во неговиот дом.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.П.(27) од с.Ранковце, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.02.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.  

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во август 2023 година на катастарска парцела во сопственост на неговите синови, без претходно одобрение за градба, изградил станбен објект. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан