• четврток, 19 декември 2024

Реакција на СДСМ на интервјуто на Мицкоски на Топ Тема

Реакција на СДСМ на интервјуто на Мицкоски на Топ Тема

Скопје, 22 јули 2024 

Извисени се работниците, Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на платите

Мицкоски ги извиси и работниците и Синдикатите и призна дека ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на платите во ниту еден сектор. 

Додека се фали со скапите и луксузни часовници од 60.000 евра Мицкоски ладно најавува дека нема да има поголеми плати во здравството, полицијата, армијата...

Нема да се прифати ниту барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра ниту пак ќе се почитуваат колективните договори.

Извитоперени се приоритетите на Владата на Мицкоски. За луксузни патувања на министрите, за скапи карти и авионски летови со бизнис класи има пари ама за животниот стандард на работниците нема.

Ова се катастрофални економски политики кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува уште во првиот месец од мандатот кои ќе го намалат животниот стандард на граѓаните и ќе донесат економска неизвесност.

СДСМ е целосно на страна на работниците, ќе се спротивстави на погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Силно ќе ги поддржиме синдикатите во битка за остварување на своите права и за подобрување на животниот стандард. 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

фото МИА архива 

 

 

 


 

 



Остани поврзан