МВР Билтен (ДПЛ)
- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.В.(28) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.В.(28) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 29.03.2024 во Струга, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило сопственост на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против малолетник од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Пријавениот набавил марихуана за продажба на подрачјето на Куманово, која била пронајдена и одземена.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.М.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 05.09.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, а при претрес во домот и помошните простории биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
На 09.09.2024 околу 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Б.(38) од Тетово, затоа што во станот во кој престојува со неговата девојка на подрачјето на Карпош во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со нејзиниот татко.
Подоцна, неговата девојка пријавила дека во станот пронашла ќеса со таблети, кои му припаѓале на А.Б.. Полициски службеници извршиле преглед во станот и ги одзеле таблетите. А.Б. бил задржан во полициска станица, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Денеска (10.09.2024) во 01.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле А.Ш.(37) од Штип, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против В.Ѓ.М.(32) од Кавадарци поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело обид за убиство при семејно насилство, казниво по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
На 10.09.2024 околу 03.15 часот во семејниот дом во Кавадарци, В.Ѓ.М. со тврд предмет ја нападнала нејзината 60 – годишна мајка и ѝ нанела тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. В.Ѓ.М. била лишена од слобода и по документирање на случајот поднесена е кривичната пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.Б.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При преглед, извршен на улицата „Ристо Крле“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
Во СВР Скопје, било пријавено дека на 06.09.2024 во 06.30 часот на паркинг простор на подрачјето на Драчево, К.Ц.(58) бил физички нападнат од Г.К.(61), двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.09.2024 во 22.45 часот во СВР Скопје, од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје било пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, Д.Ј.(34) од Скопје физички нападнала една од нејзините три малолетни ќерки, а потоа сите три ги избркала од домот заедно со нивните миленици.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.09.2024 во 13.20 часот во СВР Скопје, З.К.(47) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.09.2024 во 22.20 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Истибања, виничко, по претходна расправија, Т.С.(61) од истото село бил физички нападнат од А.Г.(44) од Виница.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.09.2024 во 17.30 часот во СВР Штип, М.М.(22) од Штип пријавил дека на 08.09.2024 околу 16.30 часот во Штип, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице физички го нападнало, а неколку други лица му упатиле закани, по што со тврди предмети му го оштетиле возилото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.09.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ј.(50) и неговата мајка В.Ј.(73), која употребила и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.09.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, Б.А.(47) од Скопје пријавил дека околу 17.15 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговата малолетна ќерка била физички нападната од женско лице.
Се преземат мерки за расчистување на случајот.
На 09.09.2024 во 12.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината З.Б.(73) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.З.(47) и Е.С.(41), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 16.08.2024, пријавените му го попречиле патот на И.К., кој управувал комбе со кое превезувал работници, при што првопријавениот со тврд предмет го оштетил возилото, додека второпријавениот физички нападнал една од работничките.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство и „телесна повреда“ при вршење семејно насилство.
На 28.06.2024, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Д.(43) од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство.
На 08.08.2024 во семејната куќа, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и нивниот малолетен син.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.Ф.(49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.
На 06.08.2024 на магистрален пат А-2 во Струга, при сообраќајна контрола, приавениот агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.А.(69) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.
Во периодот од мај до август 2024, пријавениот упатувал закани на В.А., а во еден наврат и физички ја нападнал и постапил спротивно на Решение од Основен суд Штип со кое му е изречена привремена мерка забрана да ја вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин да комуницира со неа. сст/