• сабота, 04 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 април 2024 (МИА) - На 23.04.2024 во 18.45 часот на ул.„Дабничка“ од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп бил даден знак за запирање на возило управувано од А.А.(20) од Прилеп, но тој не ја испочитувал наредбата, продолжил да се движи и од возилото исфрлил ќеса со марихуана. По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.04.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје, 61-годишен скопјанец пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари врз неговата малолетна внука била извршена обљуба од страна на Е.С., со кого била во љубовна врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.04.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, настанал пожар на покрив од куќа, сопственост на Л.Д.(74) од Скопје. Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

На 23.04.2024 во 01.45 часот во СВР Скопје С.Е.(45) од Скопје пријавил дека на 22.04.2024 околу 18.20 часот во с.Визбегово, скопско, Х.Ј. од истото село физички ги нападнал неговите двајца синови. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.04.2024 во 16.20 часот во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека околу 15.40 часот во скопско била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг И.М.(26) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт. Според пријавеното, тој преку интернет порачал стока  за потребите на неговата фирма, за која преку банкарски трансакции во неколку наврати платил околу 21 илјада евра, но на 17.04.2024 од компанијата за транспорт го известиле дека нарачката била блокирана во Германија. Како што е пријавено, Б.Ф. стапил во контакт со надлежната служба во Германија, од каде му било кажано дека кај нив нема регистрирано таква стока, по што сфатил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот.

На 23.04.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, М.Ј.(18) пријавил дека во с.Огњанци, скопско, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Р.О.(20), двајцата од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.04.2024 во 18.00 часот во Полициска станица Чаир, В.К.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Радишанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник. дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан