Кривична пријава против две лица за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
- Одделот за криминалистичка полиција, по наредба од Основното јавно обвинителство Битола презема предистражни дејствија и во координација со СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в од Кривичниот законик и против В.А. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Скопје, 3 мај 2024 (МИА) - Одделот за криминалистичка полиција, по наредба од Основното јавно обвинителство Битола презема предистражни дејствија и во координација со СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в од Кривичниот законик и против В.А. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, првопријавениот Б.К., во својство на управител на правно лице од Битола, на 19.12.2019 со неизвршување на обврските од склучен договор за јавна набавка на стоки за проектирање, набавка и монтажа на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија со ЈП „Пазари“ Битола нанел штета на претпријатието.
-Тој дал гаранција за поставените фотоволтаични панели во рок од 25 години, иако знаел и бил свесен дека во предвидениот рок од една година од основањето на друштвото не го внел основачкиот влог на своето друштво согласно чл.186 ст.5 од Законот за трговски друштва поради што истото согласно чл.552-а и чл.552-б од истиот закон било избришано од Централниот регистар.Исто така, Б.К. знаел дека не можел да гарантира за изведените работи, со што постапил спротивно на дадената изјава за сериозност на понудата, се наведува во соопштението.
Второпријавениот В.А., во својство на директор на ЈП „Пазари“ Битола, пак, со пропуштање на должен надзор во вршењето на своите овластувања и должности, не извршил надзор кој бил должен да го изврши над носителот на набавката дали е активен субјект или не, со што не постапил согласно одредбите од склучениот договор за јавна набавка и не го раскинал. Исто така, В.А. постапил спротивно на чл.101 ст.7 од Законот за јавни набавки и не објавил негативна референца на електронскиот систем на јавни набавки на Бирото за јавни набавки.
-На тој начин В.А. му овозможил на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист како право да не биде исклучен од идните постапки за јавни набавки во период од шест месеци од денот на евентуалното објавување на негативната референца, а воедно и по доставена фактура одобрил и извршил плаќање кон првопријавениот односно кон неговото правно лице во вкупен износ од 1 298 000 денари со што го оштетил буџетот на ЈП „Пазари“ Битола, стои во соопштението. вг/
Фото: МИА Архива