• недела, 28 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 23 март 2024 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотична дрога“. На 05.05.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, кокаин, марихуана, а било затекнато и едно лице на кое му овозможил да употребува хероин.

На 22.03.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Л.А. од Кочани. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во трговски центар на подрачје на Центар во Скопје.    

На 22.03.2024 во ОВР Кичево било пријавено дека околу 15.00 часот, по претходна расправија, во семејниот дом во Кичево, 52 – годишник од Кичево бил физички нападнат од неговиот син А.Х.(19). Притоа, тој се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Кичево за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.

На 22.04.2024 во 15.54 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12.30 часот во кругот на установата, по претходна расправија, осуденикот Е.А.(30) од Тетово бил физички нападнат од осуденикот О.М., кој употребил и метален предмет.

На 23.03.2024 во 02.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.К. од Скопје пријавил дека на 22.03.2024 околу 21.30 часот на спортско игралиште во населба Автокоманда, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои тројца познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.03.2024 во 13.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар ги привеле А.М.(34), И.М.(42), Р.М.(44) и А.М.(36), сите од Скопје, затоа што околу 13.25 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со М.А.(28), С.Х.(49), 46 – годишната Ѓ.Х. и 28 – годишната Ќ.А., сите од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.11.2023, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

На 22.03.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје, поради претходно недоразбирање, И.М(24) од Куманово бил физички нападнат од неколку лица, од кои едното имало остар предмет, но не го употребил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.03.2024 во 18.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.З.(42) од Македонска Каменица затоа што околу 16.30 часот на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица физички нападнал малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.03.2024 19.30 часот во Полициското одделение Галате, В.Џ.(37) од с.Неготино, гостиварско, пријавил дека околу 16.45 часот во с.Неготино, тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати од Н.Н. од истото село, кој употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (23.03.2024) во 01.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ѓ.(49) и Д.М.(29), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.03.2024 во 18.20 часот во СВР Куманово, Д.К.(46) од с.Умин Дол, кумановско, пријавил дека околу 09.00 часот во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.03.2024 во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Р.(51) од струмичко село затоа што се заканувал на неговите сопруга и ќерка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.03.2024 во 22.40 часот на автопатот Тетово – Гостивар, на клучка за с.Жеровјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(30) од с.Теново, тетовско. тој се сомничи дека околу 21.10 часот во Тетово со употреба на сила ја внел А.Е.(22) од Тетово во своето возило и физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 22.03.2024 во 23.50 часот во Полициската станица Гостивар, 32-годишен маж од село од општина Маврово и Ростуше пријавил дека околу 23.10 часот во гостиварско село бил физички нападнат од С.Р., сестра на неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Т.(35) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.09.2023, полициски службеници извршиле преглед на две лице, при што пронашле и одзеле хероин, кој го набавиле од пријавениот.

На 22.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Кочани, 51 – годишник од Кочани пријавил дека бил измамен од две лица од Кочани. Според пријавеното, тие се договориле да започнат заеднички бизнис, по што тој подигнал два брзи кредити и им ги дал парите и после тоа го прекинале контактот со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска (23.03.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, 25-годишна девојка од Скопје пријавила дека на 22.03.2024 околу 16.30 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.П.(44) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 22.03.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.А.(26) од нас.Гоце Делчев – Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна сестра Ч.А(17). Според пријавеното, можно е да се наоѓа кај нејзиното момче во нас. Илинден, кое тој не го познава. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Денеска (23.03.2024) во 10.40 часот во Полициската станица Карпош, Ѓ.С.(47) од Скопје пријавила дека на ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје била касната од куче скитник.   

На 22.03.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Куманово, П.Д.(45) од с.Речица, кумановско, пријавил дека на ул.„Тонко Димков“ во Куманово бил каснат од куче скитник.

На 22.03.2024 во 21.20 часот во Полициската станица Битола, И.Ѓ.(38) од Битола пријавил дека на ул.„Михајло Андоновски“ во Битола бил каснат од куче скитник. ев/

Остани поврзан