• недела, 22 декември 2024

Бојмацалиев: Нашите бранители -херои од 2001 никогаш нема да бидат заборавени

Бојмацалиев: Нашите бранители -херои од 2001 никогаш нема да бидат заборавени

Скопје, 28 април 2024 (МИА) - Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача  дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на настанот во Битола организиран од ,,Здружението на членовите  на фамилиите на загинатите припадници  на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001-2015“ по повод чествување во сеќавање на загинатите бранители во настаните  ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001  година.

За мирот и спокојот што денеска го имаме, додаде, ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации.

-Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ.  Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме. Како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на Министерството за внатрешни работи дозволете ми да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени, а Македонија ќе биде вечна, потенцираше Бојмацалиев.вј/

Фото: МВР

Остани поврзан