• среда, 26 јуни 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) - На 13.06.2024 во 19.10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Г.(46) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грендер со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.06.2024 во периодот од 11.00 до 17.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци. Санкционирани биле и 26 други видови на прекршоци.

На 14.06.2024 околу 03.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бутелска“ во Скопје било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Р.(26) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.

На 13.06.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, В.А.(57) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на работното место во угостителски објект во Градски парк Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.06.2024 во 01.40 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била физички нападната од нејзиниот татко К.Р.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.06.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, 26-годишник од с.Чучер Сандево, скопско, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.06.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, Д.З.(43) од Скопје пријавил дека на 12.06.2024 околу 00.30 часот на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.06.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Е.Г.(41) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Драчево нејзината малолетна ќерка била физички нападната од К.С.(72) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.06.2024 во Полициската станица Карпош бил извршен службен разговор со А.Е.(23) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 37 – годишна жена од Скопје дека извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

На 13.06.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, Љ.М.(34) од Скопје пријавила дека на 12.06.2024 откако нејзиниот сопруг го земал нивниот малолетен син од градинка на подрачјето на Карпош забележале дека има гребаница на лицето. Според пријавеното, тие подоцна разговарале со негувателката и директорката на градинката, при што негувателката појаснила дека за време на појадокот нивниот син не сакал да јаде, при што таа го стиснала на образот за да јаде и дека е можно тогаш да го изгребала. Се работи на расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.И.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“. Пријавениот, на 27.02.2024 во семејната куќа во гостиварско село физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга и ѝ нанел телесни повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против малолетник од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.05.2024 на ул.„Браќа Ѓиноски“, по претходна расправија, пријавениот со нож му нанел повреда на Л.М.(19). 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.(27) и С.Д.(20), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во текот на мај и јуни 2023, првопријавениот му продавал марихуана на второпријавениот, а на 01.06.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на второпријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин и други предмети со остатоци од марихуана. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Ф.(33) и И.Ј.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци прекурзори“. На 27.01.2024 во Долно Лисиче, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.В.(32) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“ и против Д.Т.(29) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 13.12.2023, пред домот на второпријавениот било затекнато едно лице и кај него бил пронајден и одземен хероин. Истиот ден бил извршен претрес во домот на второпријавениот, каде што биле затекнати пријавениот и уште едно лице, на кои им овозможил да користат хероин. Исто така, при преглед на првопријавениот бил пронајден и одземен хероин.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.В.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и остатоци од амфетамин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.И.(21) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.07.2023 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ц.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.10.2023 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамин.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(22) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. На 09.09.2023 на клучката од автопат Прилеп - Битола, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, а во кое сопатник било едно женско лице, при што пронашле и одзеле метамфетамин, кој ѝ бил даден на користење од пријавениот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.Г.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „насилство“. На 06.06.2024, во населба Железара, по претходна расправија и физичка пресметка, пријавениот се обидел со нож да го нападне Р.Б.Ј..

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(49) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 16.04.2024, пријавениот фрлил отпушок од цигара во угостителски објект, при што предизвикал пожар на надворешните единици од клима уредите.бт/

Фото: МИА Архива

 

 

 

Тагови

Остани поврзан