• недела, 29 септември 2024

Претрес во Тетово, приведен дилер

Претрес во Тетово, приведен дилер

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово вчера го привеле Д.М. (29), соопшти МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, дигитална вага и пари.

Д.М. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.са/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан