• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Во Полициската станица Гевгелија денеска било пријавено дека при извршување градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија, Б.Б.(21) од село Орашац, Кумановско, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија.

На 02.12.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(46) од Скопје пријавила дека околу 19.00 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.12.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(32) од Крива Паланка пријавил дека на 29.11.2024 околу 03.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил физички нападнат од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.12.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, С.Р.(56) од Скопје пријавил дека на 01.12.2024 околу 16.40 часот на подрачјето на Бит-пазар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.А.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.12.2024 во 18.10 часот во СВР Скопје, М.А.(40) од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот на локалниот пат од населбата Хиподром кон место викано „Ергеле“ била физички нападната од едно лице, кое употребило и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.12.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар во куќа сопственост на Љ.Ф.А.(30) од Скопје.

Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Увид извршила екипа од СВР Скопје.  

На 02.12.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје, С.А.(25) од Скопје пријавила дека околу 16.40 часот на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба на сила ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.12.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, В.Б.(24) од Тетово пријавила дека околу 14.20 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила ѝ го одзело личниот накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.12.2024 во 11.35 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување  деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение – Оперативна единица Козле било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Ч.С.(18) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал, но бил пронаоѓан и враќан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

На 02.12.2024 околу 18.20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено декај кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х.(28) од Скопје.

Според пријавеното, непосредно пред тоа, на улица „Крсте Асенов“ на подрачјето на Чаир, тој бил пресретнат од две лица, од кои едното пукало кон него со пиштол и го повредило на ногата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На  02.12.2024 во 21.25 часот во СВР Куманово, Т.А.(43) од Куманово пријавил дека на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, неговиот малолетен син и неговите пријатели биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 02.12.2024 во 23.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода К.К.(20) од Скопје. Тој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме.

Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Ј.(25) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“.

На 24.11.2024 во Охрид, пријавениот ѝ одзел чанта на И.Ч., а на 25.11.2024 во домот на С.Џ. со закана од остар предмет одзел златни предмети и пари.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.П.(31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 05.09.2023 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед над едно лице, при што бил пронајден и одземен хероин, кој го набавил од пријавениот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 28.11.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин, а при преглед во патничкото возило „форд“, исто така, бил пронајден и одземен кокаин.

Од судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.П.И.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 21.10.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Застава“, гасен пиштол „Екол“, додаток за испалување и рамка со куршуми.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Н.(20) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 17.02.2024 на бензинската станица во Кочани, кај пријавениот биле пронајдени пиштол и куршуми.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против П.Л.(41), М.Ј.(32) и Т.Б.(42), сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 26.10.2024 во с.Пуздерци, пријавените физички го нападнале Е.Е., при што употребиле тврди предмети, а потоа првопријавениот извадил пиштол и му се заканувал.

Регионалниот центар за Гранични работи Север поднесе кривична пријава против Џ.У.(29) и С.Р.(32), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 01.01.2024 на автопат „Пријателство“, првопријавениот со патничко возило „фолксваген пасат“, во кое второпријавениот бил совозач, превезувал три лица мигранти. хс/

Фото: МИА архива  

Остани поврзан