• понеделник, 06 јануари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 3 јануари 2024 (МИА) - На 02.01.2025 во 20.40 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Карпалак“ во Прилеп ги лишиле од слобода Д.Т.(30) од Прилеп и Д.П.(19) од с. Мало Коњари, прилепско.

При преглед  кај Д.Т. била пронајдена марихуана. Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 02.01.2025 во 22 часот полициски службеници од СВР Битола на ул.„Стив Наумов” во Битола  го лишиле од слобода В.Ј.(24) од с.Дихово, битолско. При преглед кај В.Ј. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.01.2025 околу 12 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Затвор Прилеп при извршен преглед на торба на осуденикот К.Ѓ.(36) од  Прилеп, била пронајдена марихуана.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 02.01.2025 околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко М.Н.(65), кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово.

Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка. По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело „убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.01.2025 во 14.50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.З.(39) од скопско село, по претходна пријава дека околу 14 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 70-годишна мајка и неговата 43-годишна сестра.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 02.01.2025 во 10.30 часот во СВР Скопје, А.Ц.(40) од Скопје пријавила дека на 31.12.2024 околу 17.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 02.01.2025 во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кадино, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Т.(33) и В.С.(27), двајцата од с.Кадино.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На  02.01.2025  во  13 часот во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека нивниот штитеник И.И.(14) од Битола се оддалечил од установата. И.И. и претходно се оддалечувал од установата и бил враќан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

Денеска (03.01.2025) во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека во установата се вратил нивниот штитеник Х.С.(15), за кој на 24.12.2024 беше пријавено дека се оддалечил од установата. 

На 02.01.2025 во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар малолетничка била физички нападната од неколку малолетнички.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Е.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и Б.Р.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“.

На 10.12.2024 во 16.00 часот во с.Мирковци, скопско, по претходна расправија, првопријавениот со пиштол испукал еден проектил кон Д.Ј., но не го погодил, додека второпријавениот, му помогнал да го напушти местото на настанот.   

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(30) и С.С.(36) двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 22.12.2024  пријавените со употреба на сила ја скршиле влезната врата, влегле во домот и со закани и употреба на физичка сила одзеле пари од Б.А и Р.А.

На 02.01.2025 во 18.40 часот на патот ГП Табановце- Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, било запрено патничко моторно возило „фиат браво“ со скопски регистарски таблички, управувано од К.Д. (65) од с.Ангелци, Василево.

При извршена контрола во возилото се пронајдени кутии во кои имало птици и храна за птици без никаква документација, за кои рекол дека ги носи од Бујановац, Р.Србија. Известен е јавен обвинител и инспектор од Агенција за храна и ветеринарство, а К.Д. е лишен од слобода за понатамошна постапка. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Т.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 02.11.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 15-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 18.09.2024 на ул.„Орце Николов“  во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.М.(72), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против М.М.(77), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 10.06.2024 во 17.20 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.М., а како совозач била Х.М., кај која биле пронајдени и одземени 195 куршуми калибар 9 мм.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(28) и А.Т.(31), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 09.03.2024 и на 22.07.2024 полициски службеници при претрес и при преглед кај пријавените пронашле и одзеле марихуана. сст/

  

 

Остани поврзан