• недела, 05 јануари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 4 јануари 2025 (МИА) - Синоќа во 23:50 часот во СВР - Скопје, А.А., 40-годишна скопјанка, пријавила дека истиот ден, околу 23 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија била физички нападната од В.Т., на 26-годишна возраст и А.А., на 24-годишна возраст, двете скопјанки.

По целосно документирање на случојот ќе следуваат соодветни поднесоци.  

Синоќа во 20:30 часот во СВР - Скопје, Ф.Л., 46-годишен скопјанец, пријавил дека истиот ден околу 17 часот, на тезга на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со остар предмет кон неговиот 17-годишен син, одзел роба.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Вчера во 11:20 часот на улицата „Мајор Чеде Филиповски“, полициски службеници од ОВР - Гостивар го лишиле од слобода Б.М., 22-годишник од овој град, кој бил пријавен од страна на 51-годишна гостиварка, дека истиот ја намамил на обљуба и друго полово дејствие, нејзината малолетна ќерка која не наполнила 14 години.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 23:45 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје, откако претходно не ја почитувале полициската наредба за сопирање на возило, ги лишиле од слобода С.Ш., 42-годишно лице и еден малолетник, двајцата од село Блаце, скопско.

При извршен претрес над патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш., биле пронајдени огревни дрва. Инаку, двајцата приведени, најпрво биле забележени во населабата Шуто Оризари. Но, на даден полициски знак „стоп“, тие продолжиле да се движат со возилото, при што прво удриле во друго возило „опел“, а потоа кај мостот во Визбегово, удриле и во возило марка „ауди“. Исто така, при потрагата, службено полициско возило марка „БМВ“, сопственост на МВР на РСМ, на улица „Индира Ганди“, удрило во патничко моторно возило марка „поло“ управувано од Т.А. од Скопје.  

Вчера во 16:12 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на улицата „Миле Поп Јорданов“, женско лице паднало од висина од станбена зграда.

Илезено е на лице место и констатирано дека се работи за 27-годишната М.Ф. од Кратово, со престој во Скопје. Таа била пронајдена почината, што е констатирано од страна на Итната медицинска помош. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во период од 15:50 до 16:40 часот, полициски службеници од ОВР - Гостивар, согласно судска наредба извршиле претрес во дом и помошни простории на лицето Ќ.А., на возраст од 37 години, во село Долна Бањица.

При претресот биле пројадени и одземени две автоматски пушки и две празни рамки, од кои едната автоматска пушка била расклопена на делови. Истовремено било констатирано дека на пушките им биле избришани сериските броеви и потеклото. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка. Против него ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 15:50 часот, полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај - Тетово, го лишиле од слобода А.Ј., 24-годишник од село Арачиново, скопско.

Тој со неговото патничко возило „ауди“ со скопски регистерски таблици, бил учесник во сообраќајна незгода на улица „Маршал Тито“, кај кружен тек на излез од градот, при што заедно со две други лица, физички го нападнале Б.С од Тетово, кој бил учесник во истата незгода. А.Ј. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од СВР - Тетово го лишиле од слобода Н.А., 51-годишник од овој град.

Тој бил пријавен од неговата 49-годишна сопруга дека физички ги нападнал неа и нивниот малолетен син. Лицето е задржано во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 20:35 часот во ПС - Гостивар, 42-годишна жена од гостиварско Падалиште, пријавила дека околу 17:30, во нејзиниот семеен дом била физички нападната од нејзиниот 23-годишен син Г.С. и неговата сопруга, која е малолетничка.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Денеска во 3:40 часот, полициски службеници на улицата „Гоце Делчев“ го лишиле од слобода С.А., 44-годишник од Тетово.

Тој бил пријавен од неговата 41-годишна сопруга дека во нивниот семеен дом, физички ја нападнал. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во девет часот во СВР - Велес, извршен бил службен разговор со Ј.С., 56-годишен велешанец.

Тоа, постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна ќерка, дека во семејниот дом, по меѓусебна вербална расправија, тој физички ја нападнал и се заканувал. По документирање на настанот, против Ј.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 16 часот во ОВР - Прилеп, Т.К., 59-годишен прилепчанец, пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од неговиот внук Б.Д., кој притоа му упатил закани со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Вчера во 18:20 часот во просториите на ПС - Штип, E.E., 52-годишник од село Радање, општина Карбинци, пријавил дека истиот ден во 15:40 часот на регионалниот пат пред село Карбинци, по претходни расправии, бил физички нападнат од неговиот син М.Е.К., на возраст од 29 години, со тврд железен предмет во пределот на главата и левата нога.

Притоа, му биле нанесени телесни повреди констатирани во Клиничка болница во Штип.

Вчера во 10:59 часот во СВР - Битола, И.Ц., на возраст од 41 година, од село Долно Перово, ресенско, пријавил дека покрај Преспанско Езеро на место викано „Чарти камен“ пронашол граната.

Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, истата е подигната. Се работи за артилериска граната од 75 мм од Прва светска војна.

Вчера во Полициската станица - Струмица, С.У., 20-годишник од село Владевци, струмичко, пријавил дека во селото, тој и лицето Г.У. биле физички нападнати од З.В., Д.К., З.К., П.Д. и Н.В., сите од радовишко Злеово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 20:15 часот во Полициската станица - Струмица, К.К., 19-годишник од село Робово, струмичко, пријавил дека околу четири часот во градот бил физички нападнат од К.П., А.Ч. и други две лица.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 10:16 часот во СВР - Скопје, скопјанката Е.Ј.С. пријавила дека на улицата „Александар Македонски“ настанал пожар во семејна куќа.

Таа била сопственост на Е.С., 49-годишно лице од Скопје. Во куќата се наоѓале нејзиниот 12-годишен син и нејзината мајка, В.Ј. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници при СВР - Скопје, двете лица биле безбедно извлечени од куќата и со Итна медицинска помош, истите биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, заради вдишување чад, заедно со уште еден полициски службеник, кој исто така вдишал чад. Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита, пожарот бил изгаснат. За настанот бил известен јавен обвинител. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР - Скопје.

Вчера во 8:50 часот во СВР - Скопје, Џ.Џ., 49-годишник од село Батинци, општина Студеничани, пријавил дека истиот ден околу 3:20 на улицата „1“ во селото, со непозната запалива материја било опожарено неговото патничко возило „фолксваген туаран“ со скопски регистарски ознаки.

Повредени лица нема. Возилото било изгаснато од негов роднина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан