• сабота, 21 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 7 септември 2024 (МИА) - ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство. На 06.09.2024 во 7.43 часот Ѓ.Б. пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов  неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување  на случајот. При тоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети. Ѓ.Б. и Љ.С. се лишени од слобода и со кривична пријава предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување.

На 07.09.2024 во 02.40 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.С.(37) од село Оморани, општина Чашка, поради основи на сомневање дека со употреба на сила влегол во објект на улица „Коле Дрнков“ во Велес, и одзел пари. З.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.09.2024 во 09.45 часот во Неготино  полициски службеници за криминалистички работи од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Н.(49) од Неготино. Со наредба од Основен суд Кавадарци полициските службеници за криминалистички работи од ОВР Неготино и ОВР Кавадарци извршиле претрес во неговиот дом во Неготино и во село Бојанчиште, кавадаречко, при што биле пронајдени и одземени два карабини „застава“, кои ги поседувал без соодветна дозвола, две машинки за изработка на ловни патрони, две машинки за ставање и извлекување на иницијални каписли, комплетна опрема за изработка на ловни патрони, ловни патрони, куршуми и пиротехнички средства. С.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На  06.09.2024 во 22.10 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица „Илинденска" во Тетово го лишиле од слобода О.И.(33) од тетовско Желино, кај кого при преглед била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (07.09.2024) во 06.40 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Е.З.(19) од село Бучим, радовишко. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдена околу 800 грама марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Е.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.09.2024 во 23.45 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници  го приведоа А.Ј.(20) од Охрид. При извршен преглед, кај него е пронајдена и одземена марихуана и еден грендер со остатоци од марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.09.2024 година во 11.40 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен премин „Блато“, кај месноста „Клобочишки пат - Табла“ во близина на Дебар, го  приведоа Б.Х. (24) од Пешкопеја-Република Албанија, кој бил затекнат при обид за илегален премин на македонско-албанската граница. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (07.09.2024) во 02.00 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Б.К.(33) од Велика Британија, а со престој во Германија, поради тоа што спречувал полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.09.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(40) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот во службена просторија од основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари каде ги вршела нејзините работни задачи како директор, тројца вработени, по претходна расправија околу прераспоредување, упатувале закани кон неа и нејзиното семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.09.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Варвара-скопско настанал пожар во викендица, во сопственост на В.М.(72) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.

На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето  и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот. Известен бил јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Денеска (07.09.2024) во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, С.С.(50) од Скопје пријавил дека во казино на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од четири лица, кои, според пријавеното, работеле како обезбедување во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 06.09.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Шишево-скопско, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ѓ.(23) и Р.Ѓ.(43), двајцата од село Шишево. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 06.09.2024 во 23.40 часот во СВР Скопје, Д.Т.(36) пријавил дека во с.Марино-скопско бил физички нападнат со тврд предмет од А.Т.(39), двајцата од с.Марино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (07.09.2024) во СВР Скопје, М.К.(66) од Скопје пријавила дека околу 05.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила и одзело ранец со паричник со лични документи, пари и други лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 06.09.2024 во 20.15 часот во ПО Жеровјане З.Р.(59) од тетовско Милетино пријавил дека околу 21.30 во селото бил каснат од куче скитник.

На 06.09.2024 околу 19.20 часот патничко моторно возило „волво“ со српски регистерски таблички во близина на наплатната станица Романовце, во правец кон Куманово, не застанало на даден знак од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции и се дало во бегство, по што на клучка Куманово возилото излетало од патот. Возачот се оддалечил од местото на настанот, а во возилото се пронајдени двајца малолетни мигранти од Сирија. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2024 во 13.30 во СВР Скопје, Ф.Д.(80) од Скопје пријавила дека во 11.55 часот во влез на станбена зграда на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на физичка сила и одзело паричник, во кој имало пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2024 во 22.10 часот во Полициската станица Гази Баба, М.П.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 06.09.2024 во 22.40 часот во СВР Куманово, маж од кумановско село пријавил дека на 05.09.2024 околу 21.30 часот во Куманово Г.„Н“ од Скопје извршил обљуба врз неговата 16-годишна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (07.09.2024) во 02.00 часот во СВР Куманово, Д.П.(24) од Куманово, пријавил дека на 03.09.2024 околу 16.50 часот додека бил на своето работно место, пред угостителски објект во Куманово, бил физички нападнат од Б.Ј.(36) , М.В. и Ф.„Н“., а потоа пријавителот со тврд предмет го нападнал Б.Ј. Исто така, Б.Ј.(36) од Куманово пријавил дека додека извршувал службени дејствија со свои колеги, вработени во агенција за обезбедување, тој и негов колега биле физички нападнати со тврди предмети од неколку лица меѓу кои бил и Д.П.(24) од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2024 во 01.10 часот во СВР Куманово, А.Х. од Куманово пријавил дека околу 00.00 часот на бензинска пумпа во Куманово бил физички нападнат од Б.А. од Кратово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.09.2024 во 22.55 часот во Полициската станица Крива Паланка Е.П.(21) од Крива Паланка пријавил дека пред угостителски објект во Крива Паланка бил физички нападнат од А.В.(30) од село Конопница, кривопаланечко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. нд/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан