• понеделник, 01 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 23 мај 2024 (МИА) СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(54) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој се сомничи дека на 04.05.2024 со запалива течност предизвикал пожар во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против У.Ф.(63) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „демнење“. Тој извесно време следел женско лице од Дебар, а на 07.05.2024 од работната канцеларија ѝ го одзел мобилниот телефон.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.Г.(41) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување употреба на наркотични дроги“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во патничко возило „опел астра“ на регионален пат Охрид-Струга, во кој пријавениот бил со лице од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од кокаин и хероин.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Х.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 25.04.2024 на улицата „Влашки пат“ во Кичево, тој агресивно се однесувал кон малолетник и му упатувал закани.

Вчера (22.05.2024) од 08.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 22 возачи (ТЕ-11 и ГВ-11) за пречекорување на пропишаната брзина надвор од населено место. Санкционирани се и 28 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-11). На возачите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци.

Денеска (23.05.2024) во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле З.Т.(22) од Скопје, затоа што на подрачјето на Центар го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.05.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа во с.Арачиново, скопско, поради нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ј.(28) и Б.Ј.(32), двајцата од с.Арачиново. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.05.2024 во 19.40 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат М.Т.(65) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, при што е утврдено дека причина за смртта бил струен удар.

На 22.05.2024 во 09.30 часот во СВР Велес, Т.С.(62) од Велес пријавил дека на улица „Христо Татарчев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во период од септември 2023 година досега, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти дека ќе им обезбеди виза за странска земја измамил три лица и за тоа зел по 1.000 евра од лице. Имено, пријавениот ги измамил лицата дека преку социјална мрежа од агенција ќе добијат термин за виза, но тоа не се случило.

 

Остани поврзан