• сабота, 27 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 3 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Тетово денеска во 01.30 часот во Тетово го лишиле од слобода Р.С.(28) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 03.03.2024 во 02.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Т.(35) од с.Долно Оризари, Битолско.

Тој се сомничи дека вчера околу 22.30 часот со запаллива течност предизвикал пожар во казино на ул.„Лазо Трповски" во Битола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ј.П.(38) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При преглед во неговото возило „форд фиеста“, извршен во близина на селото Србјани, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

Ноќеска (2/3 март) од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол.

При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 17 возачи (ТЕ-9 и ГВ-8), кај кои било утврдено присуство на алкохол во крвта најмногу до еден и пол промили, а кај двајца (ТЕ-1 и ГВ-1) до два промили.

Сите се исклучени од сообраќај и изготвени им се законски  предвидените поднесоци со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, биле санкционирани и 15 други видови сообраќајни прекршоци.

Полициски службеници од Полициската станица Штип вчера во 15.30 часот го лишиле од слобода Н.М.(46) од Штип затоа што во семејниот дом, по претходна расправија, физички  ја нападнал својата невенчана 39-годишна сопруга, при што употребил тврд и остар предмет.

По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.  

М.К.(46) од село Лојане, Липковско, вчера во  16.10 часот во СВР Куманово пријавил дека во 15.00 часот во село Никуштак, Липковско, едно лице физички го нападнало и му се заканило со огнено оружје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Д.К. од Штип вчера во 17.40 часот во СВР Штип  пријавил дека околу 17.30 часот во автоперална во Штип неговиот син М.К.(20) бил физички нападнат од Д.Ч.(29) од  с.Крупиште, општина Карбинци.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Полициската станица Гостивар, 36-годишна жена од Гостивар вчера во 16.30 часот  пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.И. од Гостивар.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во Полициската станица Аеродром, 26-годишна жена од Скопје вчера во 18.30 часот  пријавила дека околу 18.20 часот на подрачје на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички  нападната од нејзиниот сопруг Б.П..

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

А.З.(29) од Куманово денеска во СВР Куманово  пријавил дека околу 03.40 часот во село Черкези, Кумановско, А.Д. и С.К. му се заканиле со огнено оружје и го нападнале со тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

С.Д. денеска во 03.24 часот во СВР Штип пријавил дека околу 03.10 часот во угостителски објект во Штип бил физички нападнат од А.М..

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Во Полициската станица Радовиш, 20-годишна жена од Скопје вчера во 14.15 часот  пријавила дека во домот била физички нападната од својот вонбрачен сопруг Т.Н. од Радовиш.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Во СВР Скопје вчера  во 16.35 часот  било пријавено дека на подрачје на Гази Баба, по претходна расправија, во двор од куќа бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 25-годишен маж од една страна и неговите 72-годишна баба и 50-годишна тетка, од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Во Полициската станица Свети Николе, 80-годишна жена од Свети Николе вчера пријавила дека околу 03.00 часот во нејзиниот дом, нејзината внука А.Т.(22) физички ја нападнала и ѝ ги одзела клучевите од куќата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 11.20 часот  било пријавено дека во сместувачки објект на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат Д.Х.(43) од Република Србија.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.    

 Во СВР Скопје вчера во 10.30 часот било пријавено дека на 1 март 2024 во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен малолетник од с.Љубин, Скопско, со тешки телесни повреди.

Според пријавеното од неговата мајка, на 1 март  околу 12.50 часот во с.Сарај, Скопско, тој бил удрен од мотоцикл управуван од С.Б.(47) од Скопје. Додека, пак, според изјавата на С.Б., малолетникот сам се удрил во мотоциклот, кој му бил паркиран во селото.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. .

Во СВР Битола вчера во 12.05 часот  било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато - Тополчани, пред надзвоникот за с.Могила, товарно возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(21) од Битола, удрило во велосипед управуван од В.Г.(37) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Клиничка болница Битола. Известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Битола.

На 1 март 2024 во 17.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во с.Јанковец, Ресенско, мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Јанковец, излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од с.Базерник, Демихисарско, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.

И.Б.(45) од Кичево вчера во 23.30 часот во полициска станица пријавил дека на улицата „Исеин Акиоски“ во Кичево неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

П.Б.(71) од Битола вчера  во 12.20 часот во Полициската станица Битола пријавил дека на ул.„Крушевска Република“ во Битола бил каснат од куче скитник.

 Д.Т.(49) од Битола вчера во  12.15 часот во Полициската станица Битола пријавила дека во двор на средно училиште во Битола била касната од куче скитник. 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан