• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 7 јуни 2022 (МИА)На 06.06.2022 околу 21.55 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 21-годишниот тетовец С.С. за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. На 06.06.2022 во 23.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 06.06.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 27 прекршоци, од кои 15 надвор од населено место и 12 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас и 4 за непрописно паркирање. На 06.06.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа  акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 18 возачи, од кои 5 санкции се изречени на територија на Битола, 1 на територија на Демир Хисар и 12 санкции во Ресен. На 06.06.2022, во рамки на континуираните контролни активности што ги реализира тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, изречени се вкупно 73 мерки, од кои 34 се однесувале на непрописно, односно погрешно паркирање, а за кои биле изготвени соодветни поднесоци. Покрај ова, 11 возила се подигнати од тетовската „пајак-служба“. Исто така, санкционирани се и 6 возачи без положен возачки испит и соодветна возачка дозвола, 2 возачи-почетници и други прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. На 06.06.2022 околу 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ангел Динев“ и ул.„Војвода Васил Чакаларов“, З.Ј.(57) од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“. На 06.06.2022 во 19:25 часот во Полициската станица Карпош, Д.П.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. На 06.06.2022 околу 13:10 часот во СВР Штип било пријавено дека на автопат Миладиновци – Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(27) од Радовиш и патничко  возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „голф“ и совозачот К.Т.(40) од Радовиш, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид бил извршен. На 05.06.2022 во 23:00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Ц.С.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Јани Лукровски“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. На 06.06.2022 во 17:00 часот во Полициската станица Чаир, И.М.(46) од Скопје пријавил дека на подрачјето на нас.Радишани неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. ев/  

Остани поврзан