• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на преминот на албанско-црногорската граница Муриќан

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на преминот на албанско-црногорската граница Муриќан

Тирана, 19 март 2025 (МИА) - Албанската гранична полиција во соработка со Интерпол Тирана, на преминот на албанско-црногорската граница Муриќан, на излез од Албанија привела македонски државјанин баран со меѓународна потерница.

-За Н.А.(51), жител на Северна Македонија, Интерпол Скопје имаше распишано меѓународна потерница по барање на судот во Скопје, издадена на 1 јуни 2023 година, откако му одредил мерка „затворски притвор“ за кривично дело „разбојништво“. Интерпол Тирана соработува со Интерпол Скопје и другите надлежни органи на двете земји со цел екстрадиција на приведениот во Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Полицијата додава дека приведување е резултат на интензивните проверки на Граничната полиција, со цел спречување и сузбивање на прекуграничен криминал и за приведување граѓани барани со меѓународна потерница. вт/фф/

Фото: Сајт на Полиција на Албанија

Остани поврзан