• понеделник, 16 септември 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - На 15.09.2024 во 20 часот на ул.„Климент Охридски“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ј.М.(45) од Струмица. При преглед кај него биле пронајдени две најлонски пакувања со кафеава прашкаста материја и едно шише со течност. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (16.09.2024) во 01.05 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.09.2024 во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(43) од село Трубарево, Скопско, удрило во паркирано товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 15.09.2024 во 22 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци - село Возарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(19) од село Дебриште, Кавадаречко и патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната М.В. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „пежо“ Л.В.(73) од Битола, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото „пежо“  и возачот на возилото „пасат“, констатирани во болницата во Кавадарци. По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.       

На 15.09.2024 во 22.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Неготино, патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Д. и неговиот сопатник Х.С.(18) од Кавадарци, констатирани во Градската општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Штип.

На 15.09.2024 во 11.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(54) од Струмица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.Т.(40) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

На 15.09.2024 во 22.42 часот во Полициската станица Гази Баба, И.С.(23) од село Трубарево, Скопско, пријавила дека на ул.„Палмиро Тољати“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 15.09.2024 во 11.00 часот во СВР Битола, З.Ч.(32) од с.Трн, битолско, пријавила дека на ул.„Новачки пат“ во Битола, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. мд/  

Фото: МИА архива 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан