• вторник, 17 септември 2024

Муцунски - Вал: Зајакнување на соработката и одржување на мирот во регионот на ОБСЕ

Муцунски - Вал:  Зајакнување на соработката и одржување на мирот во регионот на ОБСЕ

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска остварил средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.

На средбата, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, била потврдена долгогодишната соработка со ОБСЕ во различни области, при што била изразена поддршка за напорите на Организацијата насочени кон зајакнување на соработката и одржување на мирот во регионот на ОБСЕ.

Двајцата соговорници, како што е наведено во соопштението, изразиле задоволство од досегашната соработка помеѓу ОБСЕ и македонските институции, и ја потврдиле подготвеноста за нејзино продолжување.

Муцунски и Вал размениле мислења и за тековните активности на Мисијата и заеднички ја реафирмирале посветеноста на продолжување на проектите кои ги поддржуваат реформските процеси на новата Влада. дма/аа/

Фото:Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан