• петок, 18 октомври 2024

Мбапе фудбалер на месецот на Реал

Мбапе фудбалер на месецот на Реал


Мадрид, 17 октомври 2024 (МИА) – Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е избран за играч на месецот на Реал Мадрид во септемвриското гласање на навивачите на Кралскиот клуб.
„Многу сум среќен, сакам да им се заблагодарам на сите навивачи на Реал Мадрид, задоволство е што сум избран за играч на месецот“, изјави францускиот напаѓач на шпански јазик во краткото видео објавено на веб-страницата на Реал.
„Најважно е што во текот на овој месец (септември) победивме на многу натпревари и се надевам дека ќе продолжиме така“, додаде Мбапе, кој во септември постигна шест голови на пет натпревари за својот клуб.
„Имаме три многу важни натпревари следната недела и сакаме да ги победиме сите три. Тимот и јас сме подготвени и се надевам дека ќе го дадеме најдоброто за цел Мадрид“, додаде тој.
Реал Мадрид игра на гости против Селта Виго во шпанското првенство в сабота, а потоа ја пречекува Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони во вторник пред Ел Класико со Барселона на Сантијаго Бернабеу на 27 октомври. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан