• вторник, 05 ноември 2024

„Мастерклас со Лајовиц“ вечер во Филхармонија

„Мастерклас со Лајовиц“ вечер во Филхармонија
Скопје, 5 ноември 2021 (МИА) – Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го одржи концертот насловен „Мастерклас со Лајовиц“, на кој како солист ќе настапи македонскиот виолончелист Паскал Краповски. На програмата се дела од Росини, Хајдн и Дворжак. Концертот ќе го водат млади диригенти кои ќе учествуваат на мастеркласот кој ќе го води познатиот словенечки маестро Урош Лајовиц. Лајовиц е роден на 4 јули 1944 година во Љубљана. Студирал композиција и диригирање на Музичката академија во Љубљана, каде и дипломирал на двата смера во 1967, односно 1969. година. За исклучителни остварувања во двете области, во 1968. и 1969. година ја доби студентска Прешернова награда. Настапувал ширум Европа, диригирал во САД, Колумбија, Јужна Кореја, Тајван, Хонг Конг, Кина и Јапонија. За време на повеќе од четириесетгодишата кариера одржал повеќе од 1400 концерти, диригирал со повеќе од 90 различни симфониски оркестри и ансамбли и соработувал во повеќе од 900 солисти. Виолончелистот Краповски е роден во семејство со долга музичка традиција. Своето образование го започнува со Ристо Краповски и со Диме Стојанов во Скопје, по што продолжува со додипломски и постдипломски студии во класата на Анатоли Крстев на Државната академија „Панчо Владигеров“ во Софија. Професионалниот ангажман како водач-виолончелист при Македонската филхармонија му овозможува активно да се занимава и со камерното музицирање како член на триото „Парнасус“ и на „Music Progressive Quartet". Покрај изведувачката дејност, активно се занимава со педагошка и со истражувачка дејност. Краповски е повеќекратен лауреат на државните натпревари по виолончело и камерна музика. свс/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан