• недела, 29 септември 2024

Марјан Неќак добитник на специјалната награда на 6. Меѓународен фестивал „Јоакимфест“

Марјан Неќак добитник на специјалната награда на 6. Меѓународен фестивал „Јоакимфест“
Скопје, 16 октомври 2021 (МИА) - Специјалната награда на градот Крагуевац на 16. Меѓународен фестивал „Јоакимфест“ за извонреден музички концепт во претставата „Само глас“ во продукција на Македонскиот народен театар замина во рацете на Марјан Неќак.
Според МНТ, она што жирито на овој фестивал го воодушевува е музиката која е разиграна, продолжена рака на длабокиот глас на отуѓеноста, а „Само глас“, како што велат, е ретко дело во кое музиката е потполн партнер и на глумецот, и на текстот, и на режијата, и на сценографијата, и на филмот, доминантен партнер. ар/сп/

Остани поврзан