• вторник, 02 јули 2024

Марјан Младеновски ќе суди на финалето на Европското футсал првенство до 19 години

Марјан Младеновски ќе суди на финалето на Европското футсал првенство до 19 години
Хаен, 9 септември 2022 (МИА) - Македонскиот интернационален футсал судија, Марјан Младеновски, е дел од Футсал Европското првенство до 19 години кое што се одржува во Хаен, Шпанија. Младеновски е назначен како судија на финалниот натпревар помеѓу Шпанија и Португалија кој се одигрува утре во Арената Оливио и од него се очекува убава, динамична игра и интересни ситуации. - Учествувајќи на првенството стекнав големо искуство на теренот и надвор од него. Размена на искуства со судиите, запознавање на други култури и менаџирањето на ситуации е она со кое што се враќам дома, во исчекување да го аплицирам на домашните терени, изјави тој за МИА. На овогодинешното футсал ЕВРО до 19 години Младеновски судеше повеќе натпревари помеѓу кои натпреварите помеѓу Португалија - Полска и Полска - Франција. ар/сст/      

Остани поврзан