• недела, 03 март 2024

Маричиќ: До 2030 можно е да се реформираат некои правила во ЕУ за да се примат нови членки

Маричиќ: До 2030 можно е да се реформираат некои правила во ЕУ за да се примат нови членки

Скопје, 3 декември 2023 (МИА) - Граѓаните ќе почувствуваат како е да се биде дел од Европската Унија многу порано од предвиденото. До 2030 година можно е да се реформираат некои правила во ЕУ за да се примат нови членки и до тогаш можно е да се реформираат нашите држави за да бидат подготвени за членство. Битно е да имаме цел, затоа што ако се пропушти овој момент, понатаму може да сметаме само на пораст на национализмот, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој денеска на конференција организирана од Калеви Сорса Фондацијата на тема „Гледање напред кон Земјите на Западен Балкан во ЕУ, искористување на моментумот за проширување“, порача дека доколку го пропуштиме овој момент сега, понатаму може да сметаме само на пораст на национализмот и на оние политички актери и каузи кои ги испразнија нашите држави од млади луѓе и кои не убаедуваат дека стратегија на чекање е добра стратегија.

Маричиќ посочи дека текот на скринингот завршува следната недела при што како што рече, ќе дојдеме до една точка на исполнување на сите предуслови, со исклучок на уставните измени.

-Ова е вистинска можност која треба да се искористи можноста, бидејќи таа нема да трае многу долго. Текот на скринингот одеше многу интензивно, многу брзо, и тој наредната недела завршува, во поглед на исполнување на клучните патокази, а тоа е владеење на правото, јавната администрација.. ова до крајот на годината ќе го поднесеме како документ, со што ќе дојдеме до една точка на исполнување на предуслови со исклучок на уставните измени, кои што за нас се политички услов. Инаку, сите други техничќки услови па и политички, ги исполнуваме, додаде Маричиќ.

Во дискусијата Маричиќ се фокусираше и на Планот за раст. Тој додаде дека со овој План земјите од Западен Балкан можат да добијат „револуционерна“ одлука за проширувањето на Европската Унија. 

-Со Планот за раст првпат се отвораат можности за вклучување во програми во кои не сме биле досега вклучени, со што се овозможува и пристап до финансиска помош со која ќе се овозможи реализација на реформите најпотребни за реализација на процесот. 2030 треба да биде индикативна година и со план за вклучување на земјите од Западен Балкан. Ја поздравувам храбрата политика на ЕУ за раст на унијата и стратегијата која ја планираат за проширувањето, додаде Маричиќ.

Тој уште еднаш подвлече дека моментот сега како држава не смееме да го пропуштиме.

-Не смееме да го пропуштиме овој момент, немаме време за чекање, мораме да ја искористиме шансата да се вклучиме во европскиот фронт каде што се вклучени сите. Да не се навлегува во тунелот на чекање, кој може да биде изгубено скапоцено време за нас, додаде Маричиќ на конференцијата. бт/нд/

Фото: Секретеријат за европски прашања

Остани поврзан