• понеделник, 23 декември 2024

Маричиќ: Со САД сме постигнале големи успеси на меѓународен план, ќе успееме и со преостанатите обврски од евроинтеграциската агенда

Маричиќ: Со САД сме постигнале големи успеси на меѓународен план, ќе успееме и со преостанатите обврски од евроинтеграциската агенда

Скопје, 4 јули 2023 (МИА) - Со САД сме постигнале големи успеси на меѓународен план, ќе успееме и со преостанатите обврски од евроинтеграциската агенда. Честитки по повод 4-ти јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави со желби за успех и понатамошен просперитет на американскиот народ, објави на Фејсбук страницата вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Маричиќ натаму наведува дека „247 години независност и слобода кои придонесоа за изградба на систем на вредности кој денес е водич за целиот демократски и прогресивен свет“.

-Посебно ја цениме континуираната поддршка и помош од САД за демократскиот и економскиот развој на Северна Македонија и нивната улога во исполнувањето на нашите амбиции да станеме дел од евроатланското семејство. Верувам дека следниот период ќе биде исполнет со натамошен развој и зајакнување на меѓусебната соработка на сите полиња, во заеднички интерес и во исполнувањето на нашите приоритети и членството во ЕУ, напиша Маричиќ.

Вицепремиерот натаму потсетува дека „со поддршка на САД сме постигнале многу во исполнувањето на нашите стратешки цели, ќе успееме и сега со заеднички напори да ја задржиме стабилноста и просперитетот преку процесот на интеграција, во интерес на безбедноста на Европа“. нд/са/

Остани поврзан