• сабота, 27 јули 2024

Маричиќ - Маида Горчевиќ: Соработката во регионот и Планот за раст за Западен Балкан е можност за забрзување на процесот на евроинтеграција

Маричиќ - Маида Горчевиќ: Соработката во регионот и Планот за раст за Западен Балкан е можност за забрзување на процесот на евроинтеграција

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денеска се сретна со министерката за европски прашања на Црна Гора Маида Горчевиќ на маргините на Лидерскиот самит за Планот за раст на Западен Балкан во Котор.

На средбата се говореше за значењето на соработката на регионот и успешна имплементација на Планот за раст за Западен Балкан од Европската Комисија, соопшти СЕП.

Планот за раст е конкретна стратегија за социоекономски развој на регионот, соработка и доближување на земјите од Западен Балкан. Исполнувањето на обврските усогласени со Европската Унија ќе значи значителен развој, прогрес и просперитет на државата и регионот. 

Маричиќ се заблагодари за успешната и плодна соработка за спроведување на регионалната соработка и одличните релации помеѓу нашите две држави.

Со цел успешно имплементирање на Планот за раст,  потребно е државите упорно да продолжат да работат  во соработка со Европската Комисија со цел постигнување на стратешката цел за пристапување во ЕУ на Северна Македонија и земјите од регионот, се наведува во соопштението од СЕП.са/дма/

Фото: СЕП 
 

 

Остани поврзан