• петок, 22 ноември 2024

Маринакис: Признавањето на Палестина е дел од мировниот процес во рамките на сеопфатното политичко решение за Блискиот Исток

Маринакис: Признавањето на Палестина е дел од мировниот процес во рамките на сеопфатното политичко решение за Блискиот Исток

Атина, 23 мај 2024 (МИА) – Грција останува посветена на спроведувањето на резолуцијата на Советот за безбедност за решение со две држави, со источен Ерусалим како главен град на палестинската држава и на границите од пред 1967 година, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на тоа дали Грција има намера да ја признае Палестина, јави дописничката на МИА од Атина.

- Она што денес има предност е итен прекин на непријателствата, ослободување на заложниците и непречен проток на хуманитарната помош. Во однос на признавањето на палестинската држава, тоа е дел од тековниот мировен процес во рамките на сеопфатното политичко решение за Блискиот Исток, рече Маринакис, одговарајќи на новинарско прашање. ср/

Остани поврзан