• среда, 03 јули 2024

Мареј: Треба да се напушти новиот формат на Дејвис купот

Мареј: Треба да се напушти новиот формат на Дејвис купот

Лондон, 19 септември 2023 (МИА) - Британскиот тенисер Енди Мареј повика да се напушти новиот формат на Дејвис купот.

 

- Бев член на Советот на играчи на АТП кога почнаа да разговараат за овој формат и никој не го поддржа. Ни рекоа дека тоа ќе го имаат предвид, а буквално два дена подоцна објавија дека се менува форматот. Имаме среќа бидејќи сите наши натпревари ги играме во неверојатна атмосфера со одлични гледачи. Срамота е кога Франција и Австралија, две од најголемите тениски сили кои го сакаат Дејвис купот, играат на празен стадион, изјави Мареј за „Тајмс“.

 

Во групната фаза на Дејвис купот во Манчестер се натпреваруваат селекциите на Велика Британија, Австралија, Франција и Швајцарија. Репрезентациите ќе играат меѓу себе. Двете најдобри селекции ќе се пласираат во „Фајнл 8“.

 

Завршниот турнир од годинашното издание на Дејвис купот ќе се одржи во ноември во Малага, Шпанија. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан