• понеделник, 15 јули 2024

Мапирани дивите депонии на планината Голак

Мапирани дивите депонии на планината Голак
Делчево, 12 април 2021 (МИА) - Млади активисти од Локалниот младински совет, потпомогнати од волонтери од Делчево, ги мапираа посточеките диви депонии на планината Голак. Акцијата се реализираше во рамки на настанот „Со срце за Голак“ која се реализираше на делчевската планина.
- Акцијата помина во една позитивна атмосфера, заради што им се заблагодарувам на сите кои дојдоа и помогнаа да се мапираат тие постоечки депонии. Со оваа активност сакаме пред се да ја подигнеме свеста за чистата животна средина во градот и пошироко, истакна Борче Димитровски, учесник во акцијата.
По мапирањето на депониите, во наредниот период, како што додаде Димитар Постоловски од Локалниот младински совет предвидена е акција за дислоцирање на посточекиот отпадот од лоцираните мини депонии.
- Акцијата ќе се реализира во соработка со општина Делчево, станува збор за голема еколошка акција за дислоцирање на собраниот отпад од мапираните диви депонии, заради што ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ни се придружат во овие активности за почиста животна средина, додаде Постоловски.
Делчевските млади очекуваат со најавената изградба на Регионална депонија дел од овие проблеми да биде решен и притоа посочија дека и самите граѓаните треба да ја завршат својата граѓанска должност за унапредување на чистотата во своето место на живеење. вс/ар/

Остани поврзан