• понеделник, 23 декември 2024

Манчестер jунајтед побара дозвола за 1.500 места за стоење на „Олд Трафорд“

Манчестер jунајтед побара дозвола за 1.500 места за стоење на „Олд Трафорд“
Манчестер, 12 февруари 2020 (МИА) – Раководството на Манчестер јунајтед сака да организира 1.500 места за стоење на „Олд Трафорд“. Овие места ќе се наоѓаат во посебен безбедносен сектор на стадионот и ќе имаат посебна ограда. Наменети ќе бидат за оние „најбучните“ навивачи на клубот кои ја создаваат атмосферата на стадионот. Во моментот, барањето на Манчестер испратено до Премиер лигата сè уште се обработува. Иницијативата е со цел да се врати фудбалската атмосфера на „Олд Трафорд“. На стадионите во Англија беше забрането стоење по големите нереди во 80-те години од минатиот век. Државата оваа мерка ја воведе како една од повеќето во борбата со англиските хулигани. Минатата година Волверхемптон на својот стадион воведи сличен сектор за стоење каков што бара Манчестер. зс/

Остани поврзан