Манчестер Јунајтед ја намали цената на Алехандро Гарначо, се подготвува да го продаде Аргентинецот на лето
- Англискиот клуб Манчестер Јунајтед ја намали бараната цена за Аргентинецот Алехандро Гарначо, откако планира да се раздели со играчот на лето, пишува „Гол“

Манчестер, 14 април 2025 (МИА) - Англискиот клуб Манчестер Јунајтед ја намали бараната цена за Аргентинецот Алехандро Гарначо, откако планира да се раздели со играчот на лето, пишува „Гол“.
Раководството на „црвените ѓаволи“ одлучи да му дозволи на менаџерот Рубен Аморим да го изгради својот претпочитан тим и размислува да продаде некои од неговите сегашни играчи по крајот на сезоната.
Јунајтед има намера да му обезбеди на Аморим трансфер буџет од околу 200 милиони фунти, но тоа ќе бара голем број на продажби. Во оваа прилика, англискиот клуб ја намали бараната цена за Гарначо од 60 милиони евра на 45 милиони евра (38,7 милиони фунти).
Италијанскиот клуб Наполи покажа интерес за Алехандро Гарначо (20) минатото лето, но трансферот не се реализираше бидејќи Манчестер Јунајтед претпочиташе да го задржи аргентинскиот репрезентативец.
Јунајтед ќе биде домаќин на Олимпик Лион во реваншот од четвртфиналната пресметка меѓу двата тима на турнирот во Лига Европа во четврток во најважниот меч за нив оваа сезона. дс
Фото: Архива