• среда, 14 мај 2025

Сабаленка за поразот од Остапенко: По ова финале ќе нарачам Порше

Сабаленка за поразот од Остапенко: По ова финале ќе нарачам Порше

Штутгарт, 21 април 2025 (МИА) - Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка го коментираше поразот од Јелена Остапенко (4:6, 1:6) во финалето на турнирот во Штутгарт (Германија).

- Сакам да и честитам на противнчиката и нејзиниот тим. Уживајте во возењето на овој прекрасен автомобил (за победата на турнирот во Штутгарт, тенисерите добиваат Порше). Мило ми е што можам и јас да си го дозволам тоа. По ова финале ќе го нарачам, бидејќи за мене тоа е единствениот начин да дојдам до него, изјави тенисерката по мечот.

За 26-годишната Белорусинка ова е четврти пораз во последните пет години во финалето на турнирот во Штутгарт. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан