• сабота, 23 ноември 2024

Манчестер јунајтед сака да ги направи Рашфорд и Кејн најплатени играчи

Манчестер јунајтед сака да ги направи Рашфорд и Кејн најплатени играчи

Манчестер, 25 април 2023 (МИА) - Манчестер јунајтед е подготвен да понуди големи пари на напаѓачот на тимот Маркус Рашфорд и најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн.

 

Воедно, раководството на Манчестер јунајтед ќе ја намали платата на голманот Давид де Хеа, објави „The Sun“. Голманот сега е најплатен играч на клубот со 375.000 фунти (424.000 евра) неделно. Триесет и двегодишниот Шпанец, чиј договор завршува на лето, ќе ја намали платата на 200.000 фунти (226.000 евра).

 

Дваесет и петгодишниот Рашфорд има нешто повеќе од 12 месеци од договорот и „црвените ѓаволи“ се обидуваат да преговараат за негово продолжување зголемувајќи ја неговата плата од 200.000 фунти на 300.000 фунти неделно (339.000 евра).

 

Според „Сан“, Кејн заработува 200.000 фунти неделно во Тотенхем, но Манчестер јунајтед му нуди 100.000 фунти повеќе.

 

Претходно беше објавено дека во Тотенхем нема да ги разгледуваат понудите за Кејн доколку се омали од 95 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан