• четврток, 18 јули 2024

Манчестер јунајтед нуди 60 милиони евра за Ентони, Ајакс бара 20 повеќе

Манчестер јунајтед нуди 60 милиони евра за Ентони, Ајакс бара 20 повеќе
Манчестер, 7 јули 2022 (МИА) - Манчестер јунајтед испрати понуда за крилото на Ајакс, Ентони. Според „Goal.com“, англискиот клуб понудил 60 милиони евра за 22-годишниот фудбалер, но Ајакс бара 80 милиони евра. Агентите на Бразилецот вршат притисок врз Ајакс бидејќи сакаат клубот да ја прифати понудата од Манчестер јунајтед. И самиот фудбалер сака да се пресели на „Олд Трафорд“, но е свесен дека преговорите меѓу клубовите ќе бидат тешки. Холандскиот клуб се надева дека ќе успее да го задржи Ентони уште една сезона. Новиот менаџер на Ајакс, Алфред Шројдер се надева дека тој ќе остане во клубот. Минатата сезона Ентони имаше 33 настапи за Ајакс во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и 10 асистенции. зс/

Остани поврзан