Хамилтон за осмото место во квалификациите: Адаптацијата на новиот болид бара време
- Возачот на Ферари, Луис Хамилтон зборуваше за резултатите од квалификациите за Големата награда на Австралија, на кои го освои осмото место.

Мелбурн, 15 март 2025 (МИА) - Возачот на Ферари, Луис Хамилтон зборуваше за резултатите од квалификациите за Големата награда на Австралија, на кои го освои осмото место.
- Се чувствувам добро и одлично си поминав на патеката. За мене, сè овој викенд беше прво: и тренинзи за Ферари и квалификациите. Приспособувањето на болидот бара многу напор, бидејќи болидот е многу различен од оние со кои се сретнал претходно, изјави Хамилтон за „Sky Sports“.
Британецот призна дека е зад Леклер, објаснувајќи дека неговиот тимски колега бил во тимот седум години и дека го знаел болидот до најситен детал.
Тој исто така истакна дека тимот ќе работи напорно за да го намали јазот со лидерите.
Трката во Мелбурн е закажана з аутре со почеток во 5 часот. зс/
Фото: ЕПА