• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Елмас одигра 83 минути во победата на Торино над Емполи

Елмас одигра 83 минути во победата на Торино над Емполи

Торино, 16 март 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас беше во почетниот состав и одигра 83 минути за Торино синоќа во победатата над Емполи на домашен терен со 1:0.

Ова беше натпревар од 29. коло на италијанскиот фудбалски шампионат.

Стрелец на единствениот гол беше Никола Влашиќ во 70. минута.

По овој натпревар, Торино е на 11. место на првенствената табела со 38 бодови, додека Емполи е на 18. место со 22 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан