• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мбапе за победата над Виљареал: Бевме многу уморни, тешко е да се игра по два дена

Мбапе за победата над Виљареал: Бевме многу уморни, тешко е да се игра по два дена

Мадрид, 16 март 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ги искажа впечатоците по тешката победа синоќа на гостувањето кај Виљареал во 28. коло од Шпанското фудбалско првенство.

Французинот со два гола обезбеди три бода за својот клуб.

- Беше многу важен натпревар за нас и многу тежок, бидејќи Виљареал е високо на табелата. Знаевме дека мора да победиме по натпреварот против Атлетико, каде имаше продолженија и сè останато. Покажавме карактер и желба и се боревме до крај. Тешко е да се игра по два дена. Но, ние мора да го почитуваме амблемот на клубот и да дадеме сè што имаме за него, изјави Мбапе за „ТВ Реал Мадрид“. - 

Реал Мадрид со 60 бода ја престигна Барселона (57) и се искачи на првото место во Ла Лига, но Каталонците имаат два натпревари помалку.

Виљареал со 44 бодови го претрпе вториот пораз во низа и остана петти во поредокот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан