• петок, 04 октомври 2024

Малмер Стенергард именувана за министерка за надворешни работи на Шведска

Малмер Стенергард именувана за министерка за надворешни работи на Шведска

Стокхолм, 10 септември 2024 (МИА) – Марија Малмер Стенергард денеска е именувана за министерска за надворешни работи на Шведска.

Таа доаѓа на местото на Тобиас Билстром, кој минатата недела се повлече од функцијата, што доведе до поширока реконструкција на Владата и смена на неколку министри.

Малмер Стенергард е од владејачката десничарска Умерена партија. Таа претходно беше шефица за миграција и дел од владината ревизија на имиграциската политика, радикална промена преземена во соработка со десничарските Шведски демократи што наиде на критики од активистите за човекови права.

- Поддршката на Украина е најголемата надворешнополитичка задача во наредните години. Шведска ќе ја поддржува Украина сè додека е потребно, истакна премиерот Улф Кристерсон. ми/

фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан