• сабота, 21 декември 2024

Макрон: Приоритет е враќање на политичкото решение за Блискиот Исток

Макрон: Приоритет е враќање на политичкото решение за Блискиот Исток

Париз, 5 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во интервју емитувано на радио „Франс Интер“ изјави дека „приоритет е враќање на политичкото решение“ за конфликтот на Блискиот Исток.

Францускиот претседател притоа побара прекин на испораките на оружје за Израел, кое се користи во конфликтот во окупираниот Појас Газа, пренесува порталот БФМ ТВ.

- Мислам дека денес приоритет е да се вратиме на политичко решение и да престанеме да испорачуваме оружје за водење борби во Газа, изјави Макрон. ссм/

фото: архива

Остани поврзан