• вторник, 05 ноември 2024

Македонски планинари „Први на први“ на Пелистер

Македонски планинари „Први на први“ на Пелистер

Битола, 1 јануари 2024 (МИА) - Педесеттина планинари и рекреативци од Охрид, Штип, Велес, Делчево, Берово, Прилеп, Скопје, Битола и други македонски градови, организирани од „Олимпус Монс“, утрово во 05:30 часот стигнаа на врвот Пелистер (2.601 м.) со што ја продолжија традиционалната манифестација „Први на први“.

Новогодишното освојување на врвот Пелистер почна точно на полноќ, со добри временски услови на стартот, но и силен ветер на врвот, изјави за МИА, Христијан Томевски, планинар - рекреативец од Охрид.

-Манифестацијата беше одлично организирана, имавме придружба, водичи, лекар, ски-санка, џип ратрак...се што е потребно за безбедно планинарење во зимски и ноќни услови. До Ловечка куќа времето беше одлично, но потоа почна да дува силен ветер кој не влијаеше врз нашето расположение, и целта што ја поставивме пред себе, односно освојување на врвот Пелистер во првиот ден од оваа 2024 година, истакна Томевски.

Традиционалната планинарска манифестација „Први на први“ е поддржана од Општина Битола. мт/дма/

Фото: Христијан Томевски, планинар - рекреативец

Остани поврзан