• петок, 28 јуни 2024

Македонските ракометарки останаа без пласман на Светското првенство

Македонските ракометарки останаа без пласман на Светското првенство

Кишварда, 11 април 2023 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да се пласира на Светското првенство 2023, откако вечерва во реваншот од мундијалскиот бараж против Украина на неутрален терен загуби со 31-22.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски имаа негатива од првиот натпревар во Скопје (22-24), а сите надежи за резултатски пресврт на реваншот во унгарскиот град Кишварда исчезнаа веќе по првото полувреме.

Македонските ракометарки беа рамноправни до средина на првиот дел кога при водство на Украина од 10-8 уследи голем пад во играта со безброј технички грешки што противникот ги искористи да замине на пауза со предност од 24-12.

Најефикасна македонска ракометарка беше Леонида Гечевска со девет голови. 

Македонија остана на пет мундијалски учества од кои последното во 2017 година во Франција.

Светското првенство ќе се одржи од 30 ноември до 17 декември во заедничка организација на Шведска, Данска и Норвешка. ег/ар/

ФОТО: РФМ/Фејсбук

Остани поврзан