• петок, 22 ноември 2024

Македонските млади ракометари ја совладаа Романија

Македонските млади ракометари ја совладаа Романија

Лашко, 16 јули 2024 (МИА) - Со подобра игра во второто полувреме, македонската репрезентација составена од ракометари до 20 години, попладнево ја победи соодветната селекција на Романија со 31:26.

Ова е втора победа по ред за избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ на Европското првенство во Словенија.

За најкорисен играч на натпреварот МВП беше прогласен голманот Иван Галевски.

Следен ривал на Македонија ќе биде Франција. Со евентуална победа, можеби и нерешен резултат, нашите ракометари ќе го освојат првото место во И-групата и ќе бидат со големи шанси за пласман на 9. место.

Во досегашните пет натпревари на евро-шампионатот, македонските ракометари имаат три победи (една во првата групна фаза) и две нерешени средби (двете во првата групна фаза). зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан