• недела, 18 август 2024

Македонските кошаркари на 57 место на ФИБА ранг-листата, скок за една позиција

Македонските кошаркари на 57 место на ФИБА ранг-листата, скок за една позиција

 

Минхен, 15 август 2024 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација напредуваше една позиција на најновата светска ранг-листа на ФИБА и се наоѓа на 57 место.

Македонската репрезентација на јулското рангирање има 198.2 поени и во европски рамки е на 30 место.

На челното место на ФИБА рангирањето се САД со 838,8 бодови, а Србија (758,9) изби на второто место со освојувањето на бронзениот олимписки медал. По победата во мечот за третото место, Србите ги оставија зад себе актуелните светски шампиони, Германците, на третото место на ранг-листата на ФИБА (755,3), додека Франција (753) се пресели од деветтото на четвртото со освојувањето на олимпиското сребро.

Скок во првата петорка направи канадската репрезентација (747,8), која на последното рангирање беше на седмата позиција. ег ФОТО: КФСМ

Остани поврзан